Роналдо: Среќен сум во Ал Наср и Саудиска Арабија
Португалската ѕвезда Кристијано Роналдо, уште еднаш изјави дека се
чувствува многу среќен во тимот на Ал Наср и не гледа причина да си
замине.
Триесет и деветгодишниот Португалец настапува за Ал-Наср од
јануари 2023 година. Оваа сезона Роналдо одигра 31 натпревар,
постигна 28 гола и 11 асистенции.
Во последно време има шпекулации дека Роналдо не е среќен во
Саудиска Арабија и дека сака да се врати во Европа, но Португалецот
демантира.
„Среќен сум што сум во Саудиска Арабија, многу среќен. Среќен сум
што го претставувам Ал-Наср и за мене нашата сезона е позитивна
бидејќи се уште имаме шанси на сите турнири“, истакна Роналдо.