На Милан му се заканува одземање на бодови во Серија А

Обвинителството во Милано кое го истражува трансферот на акциите од старите на новите сопственици на Милан ги испрати документите до Италијанската федерација. Станува збор за дел од истражното досие, на приближно 12 страници, а сега може да започне истрагата за евентуалното прекршување на правилата за трансфер на сопственост што Милан ќе го стави во ситуација да плати или парична казна или да биде казнет со одземање бодови.

Обвинителството предвидува максимално време од шеесет дена за истраги, со можност за две продолжувања, што значи дека федералната истрага мора да биде затворена во рок од четири месеци.