Англичаните го сменија правилото во ФА Купот

Пред завршните возбудувања на „Вембли“ кои следат во полуфиналињата и финалето, ФА Купот се одлучи за една важна промена со почеток од наредната сезона, а истото се однесува на правилото кое најмногу ги нервираше фудбалските менаџери.

Во случај на нерешен резултат во воведните нокаут фази, традицијата беше да се одигра „реприза“ меѓу двата тима на друг стадион, но од следната сезона веќе нема да има повторување и се ќе се решава во еден меч.

Ова правило ќе важи од првото коло во ФА Купот и до самата завршница на турнирот, од што најмногу сигурно ќе профитираа премиерлигашите кои и онака имаат најзгуснат распоред.

Оваа одлука на Премиер лигата и ФА се должи на се поголемите проширувања кои се случуваат во европскиот и светскиот фудбал, бидејќи од следната сезона помасовни ќе бидат и турнирите во Лигата на шампионите и светското клупско првенство.