Евротип со поддршка на младите од фудбалскиот куп ,,Еден на еден,, – Могила
Во периодот од 14-ти до 16-ти јуни на фудбалскиот стадион “Димко Сарванов Могилчето” се одржа третиот меѓународен фудбалски куп “Еден на Еден – Могила куп”. На оваа спортска манифестација која ја организира фудбалската школа “Еден на Еден” од Могила учество зедоа 72 екипи и повеќе од 1200 деца од различни возрасни категории. Бројната публика која беше присутна на трибините и ги бодреше учесниците на фудбалската манифестација беа “сведоци” на 156 натпревари кои се играа по принципот 2×15 минути.
Евротип и Голд Слот компании кои се големи поддржувачи на спортот и спортските настани и манифестации беа дел од спонзорскиот тим на овој фудбалски спектакл.
Овие компании кои се дел од КС Групацијата постојано поддаваат рака за поддршка на различни спортски настани бидејќи поддршката за спортот е дел од програмата за општествена одговорност на самата групација.