Араухо на трансфер-листа, Барса собира пари за нови засилувања

Барселона не ја исклучува можноста да го продаде Роланд Араухо ова лето, пренесуваат каталонските медиуми.

Араухо е лидер на одбраната на Барселона и се етаблираше како еден од најдобрите дефанзивци на светот, а силен интерес за него покажуваат неколку европски гиганти.

Меѓутоа, во клубот владе песимизам за продолжување на договорот, па веруваат дека сега е вистинско време да заработат од неговата продажба и да ги решат финансиските проблеми.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Барселона е спремна да слушне понуди за Араухо, но само од 100 милиони евра.

Баерн Минхен, Челзи и Манчестер Јунајтед покажуваат интерес,а наводно Баварците се спремни да ја платат цената која ја бара Барселона бидејќи ќе го продадат Де Лихт.