Комо го сака Депај во своите редови
Фудбалскиот клуб Комо веќе успеа да ги доведе во своите редови
Рафаел Варан и Пепе Реина, а сега се насочија да го доведат во
своите редови Мемфис Депај.
Холанѓанецот е слободен агент, бидејќи неговиот договор со
Атлетико Мадрид истекува на крајот од сезоната.
30-годишниот напаѓач веројатно ќе биде подготвен да ја разгледа
понудата од Комо, ако во следните денови не добие некоја многу
посериозна или поповолна финансиска понуда.