Престон го отпушти менаџерот по само еден натпревар

Престон го отпушти својот менаџер Рајан Лоу по првото коло од сезоната 2024/25 Чемпионшип. Оваа екипа загуби со 2-0 од Шефилд Јунајтед во натпревар на домашен терен во кој беа целосно надиграни.

Престон минатата сезона ја заврши со пет последователни порази во кои не успеа да постигне гол и на крајот заврши на десеттото место на табелата. Рајан Лоу (45 години), беше на работ да биде отпуштен на крајот на 2023 година по уште една серија на лоши резултати. Тогаш клупското раководство му изрази доверба на тренерот и во периодот јануари-март забележано е значително подобрување на перформансите на тимот.

Рајан Лоу беше на чело на Престон од 7 декември 2021 година, а го водеше тимот на 125 натпревари, во кои има 47 победи, 31 нерешено и 47 порази.