Ал-Хилал е новиот клуб на Жоао Кансело

Манчестер Сити се согласи на трансфер на Португалецот Жоао Кансело во Саудиска Арабија. Последната рунда преговори со екипата на Ал-Хилал била успешна, па Кансело многу скоро ќе го потпише договорот вреден 21,2 милиони фунти, објави Би-Би-Си.

Самиот фудбалер допрва треба да седне на маса со преставници на Ал-Хилал и да ги договори личните услови. Доколку двете страни успеат да постигнат договор, се очекува соработката да биде за период од 3 години.

Минатата сезона Кансело играше за Барселона на позајмица.