Галатасарај заинтересиран за Касемиро
32-годишниот одбранбен играч за врска на Манчестер Јунајтед, Касемиро би можел да му се приклучи на турскиот гигант Галатасарај, објави турскиот инсајдер Гала Хабер на социјалната мрежа Х.
Турскиот клуб добил понуда за Касемиро преку менаџери и веќе ја разгледува можноста за негов трансфер. Манчестер Јунајтед од своја страна бара што поскоро да го продаде бразилскиот фудбалер. Главната причина за тоа е што клубот планира да го засили својот тим со играчот од средниот ред Адриен Рабиот, кој моментално е слободен играч.
Касемиро потпиша за Манчестер Јунајтед во летото 2022 година и има одиграно 87 натпревари за клубот во сите натпреварувања, постигнувајќи 12 гола и 9 асистенции. Неговиот договор со клубот трае до летото 2026 година.
Најавата доаѓа во контекст на неодамнешниот трансфер на Виктор Осимен, кој пристигна во Турција да потпише со шампионите. Според извештаите, тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, се предомислил за Каземиро, а со тоа се зголемува можноста за евентуален трансфер.