Видал жестоко го нападна селекторот на Чиле
Чилеанскиот ветеран, Артуро Видал изнесе жестоки навреди кон селекторот Гарека откако не доби повик во националниот тим за квалификациите во септември.
Во квалификациите за Светското првенство Чиле беше поразен од Аргентина и Боливија, па така остана на само пет бода со што ги загуби шансите за пласман на Мундијалот.
Видал кој игра во редовите на Коло Коло смета дека требало да биде повикан и не штедеше критики кон Гарека.
„Играм во најдобрата екипа во Чиле и една од најдобрите 16 во Јужна Америка. Секако дека сум лут што не добив повик. Селекторот Гарека очигледно гледа само една лига и тоа е аргентинската, иако е селектор на Чиле. Тој е еден идот кој не гледа ниту натпревари од Копа Либертадорес. Поради тоа играат само истите фудбалери и нема никакви резултати“, изјави Видал.