Барса и ПСЖ сакаат да ги трампаат Де Јонг и Фабиан Руиз

Барселона покажува силен интерес за ѕвездата на ПСЖ и шпански репрезентативец Фабиан Руиз, пренесуваат каталонските медиуми.

Шпанецот немаше добра сезона во Париз, но блескаше на Европското првенство, па го привлече вниманието на Барселона.

Флик бара засилување за средниот ред и верува дека Фабиан Руиз би бил идеално решение.

Барселона сака како дел од договорот да го вклучи Френки де Јонг, од кого сака да се ослободи, а ПСЖ ова лето покажуваше интерес за Холанѓанецот.