Алкараз сензационално елиминиран во Шангај

Ретко кој очекуваше дека Чехот Томаш Махач ќе може да направи
сензација, но на крајот успеа да слави против Шпанецот, Карлос
Алкараз.
Уште од самиот старт на мечот беше јасно дека Махач ќе биде
незгоден противник за фаворитот во овој дуел. Иако во мечот
влезе нервозно, промашувајќи три последователни форхенди,
многу лесно најде ритам и не дозволуваше на Алкараз да го
наметне својот ритам.
Во првиот сет не видовме ниту еден брејк, па победникот се
решаваше во тај-брејк каде што Махач беше поуспешен.
Во вториот одлучувачки сет дојде до брејк со 2-1 кој во наредниот
сет го потврди, а Алкараз успеа да возврати со израмнувањето на
3-3. Одлучувачкиот брејк чешкиот тенисер го направи за водство
од 6-5 и во продолжение на свој сервис само го заврши мечот за
полуфинале во Шангај.