Одегард ќе паузира дури до декември заради повредата на зглобот

Главниот организатор на играта на фудбалскиот состав Арсенал, Мартин Одегард, има потешка повреда и веројатно ќе паузира до последниот месец во годинава, најавија денеска медиумите во Англија.

Играчот од средниот ред заработи повреда на зглобот на мечот на Норвешка против Австрија во септември.

Тој од почетокот на сезоната одигра само три натпревари во Премиер лигата. Очигледно неговото закрепнување оди побавно од очекуваното.