Витиња фаворит за наследник на Модриќ

Лука Модриќ на крајот од актуелната сезона ќе го напушти Реал Мадрид, а Флорентино Перез веќе размислува за негова замена.

Познато е дека негова најголема желба е Флоријан Вирц, но исто така и Баерн Минхен го следи неговиот потпист, се споменува и Ливерпул, па сигурно тоа нема да биде лесна „операција“. Шпанските медиуми пренесуваат дека во игра за ново име во редовите на Реал Мадрид Витиња од Пари Сен Жермен.

Португалецот се покажа како големо и вистинско засилување за избраниците на Луис Енрике, кои нема така лесно да се откажат од него, особено не поради Реал Мадрид. Витиња има 24 години, се проценува на над 50 милиони евра, но сигурно ПСЖ ќе бара и повеќе.

За разлика од Вирц, Витиња е повеќе централен отколку офанзивен играч за врска и сигурно би бил вистинската замена за Модриќ според неговиот профил.

Засега планот останува веројатно Вирц, меѓутоа останува да се види како се ќе заврши.