КС Групација ја претстави својата програма за стипендирање пред студентите на Меѓународниот Славјански Универзитет – Битола

Во текот на оваа работна недела, пред студентите на Меѓународниот Славјански Универзитет – Битола. беше успешно претставена програмата за стипендирање на КС Групација. Презентацијата на програмата се одвиваше во текот на цела работна недела, а се со цел да се информираат што поголем број од студентите за можностите кои ги нуди самата програма за стипендирање. Студентите со голем интерес ги следеа презентациите и изразија задоволство за можноста одблиску да се запознаат со придобивките што ги нуди оваа програма за стипендирање.

Во текот на презентацијата, претставниците на КС Групација ја презентираа визијата на компанијата за поддршка на студентите, како и значењето на образованието за идниот успех. Програмата за стипендирање е наменета за студентите кои покажуваат “апетит” за академско знаење и желба за професионален раст и развој. Оваа програма им нуди на студентите не само финансиска поддршка, туку и можности за пракса, менторство како и вработување во рамките на КС Групација.

Студентите беа запознаени со условите за аплицирање, процесот на селекција, како и со различните типови стипендии кои ги нуди самата програма.
Дел од промоцијата на програмата за стипендии беше и презентирањето на успешни приказни од тековни стипендисти на КС Групација, кои ова лето беа дел од практикантската програма која се одвива во рамките на канцелариите на КС Групација.

Настанот заврши со интерактивна сесија на прашања и одговори, при што на студентите им се дообјаснија сите детали околу самата програма за стипендирање преку која КС Групацијата станува нивни сојузник на патот кон нивниот кариерен развој.

Не ја пропуштајте оваа единствена можност да ја остварите својата академска и професионална визија со поддршка од КС Групација!
Повеќе информации за програмата за стипендирање на КС Групација дознајте на следниот линк https://klubsport77.mk/stipendii/