Кулета од Косово победник на третиот „Паљо класик“

Третиот натпревар во боди-билдинг „Паљо Класик“ се одржа овој викенд во Битола и привлече големо внимание. Наградниот фонд беше најголем досега, со вкупно 7.000 евра парични награди.

На годинашниот натпревар се натпреваруваа вкупно 22 натпреварувачи во категориите јуниори, лесна категорија, средна, полутешка и тешка категорија, како и во класик физик, мен физик и бодибилдинг класик. Пријавени беа учесници од Македонија, Црна Гора и Косово.

Апсолутниот победник беше боди-билдерот Гранит Кулета од Косово, кој освои парична награда и суплементи во вкупна вредност од 1.900 евра. Во категоријата велнес за жени, се истакна Мери Акиевска, која веќе двапати беше светски првак.