Лукаку и Политано стрелци, Наполи го освои „Сан Сиро“

Во дерби натпреварот од 10. коло во Серија А, лидерoт Наполи на „Сан Сиро“ го победи Милан со 0-2.

Наполитанците одлично го започнаа натпреварот, во петтата минута, по додавањето на Франк Ангуиза меѓу двајцата стопери на Милан, Лукаку го доби дуелот со Павловиќ и ја испрати топката во мрежата за 0-1.

Седум минути подоцна на семафорот стоеше 0-2. Во главна улога беше Хвича Кварачкелија, кој со прецизен удар од 20 метри ја испрати топката во долниот лев агол од голот на Мењан.

Алваро Мората постигна гол за Милан во 47. минута, но ВАР го поништи поради офсајд.

Наполи е лидер со 25 бода, а Милан со третиот сезонски пораз остана на осмото место со 14 бодови.