Шнајдер победничка на ВТА турнирот во Хонг Конг

Дијана Шнајдер ја освои титулата на ВТА турнирот во Хонг Конг, откако во денешното финале ја совлада втората носителка Кејти Бултер со убедливи 6-1, 6-2.

За 20-годишната Русинка, 14. тенисерка во светот, ова е четврта ВТА титула во кариерата, сите освоени оваа година во која триумфираше претходно во Будимпешта, Бад Хомбург и Хуа Хин.

Од друга страна, 28-годишната британска тенисерка Бултер првпат во кариерата го загуби финалниот меч откако претходно освои три титули, две во Нотингем, лани и годинава, а на почетокот од 2024 победи во Сан Диего.

Турнирот во Хонг Конг се играше за награден фонд од 661.000 долари.