Дани Олмо прва „виолина“, Барса лесно го доби каталонското дерби

Soccer Football – LaLiga – FC Barcelona v Espanyol – Estadi Olimpic Lluis Companys, Barcelona, Spain – November 3, 2024 FC Barcelona’s Dani Olmo celebrates scoring their third goal REUTERS/Albert Gea

Фудбалерите на Барселона без поголеми проблеми го победија Еспањол со 3-1 (3-0) во 12. коло од шпанското првенстви. Каталонскиот клуб веќе по 31. минута имаше големи и недостижни 3-0, а гостите успеаја само да намалат на 3-1 во 63. минута кога погоди Хави Пуадо.

Двоен стрелец за Барселона беше Дани Олмо во 13. и 31. минута, додека Рафиња ја погоди мрежата во 23. минута.

Избраниците на Ханси Флик се лидери на табелата во шпанското првенство со 33 бода, а со овој триумф направија одлична увертира пред натпреварот од Лигата на шампионите.

Лидерот во Примера, за три дена гостува во Белград каде против Црвена Звезда ќе го одигра натпреварот од во четвртото коло во Лигата на шампионите.