Саудиска Арабија му нуди лудо богатство на Винициус

Винициус Жуниор добил неверојатна понуда од Саудиска Арабија, објавуваат шпанските медиуми. Не се наведува за кој клуб станува збор, но тој би имал досега невидена плата во светот на фудбалот.

Кристијано Роналдо во саудискиот Ал-Наср има плата од 263 милиони евра годишно и со тоа е најплатениот фудбалер во светот. Според „Footmercato“, Винисиус би добил петгодишен договор вреден една милијарда евра по сезона.

Саудиска Арабија е решена да не штеди на големите фудбалски имиња, а Бразилецот во новиот клуб би имал и влијание врз спортската политика, слично како Килијан Мбапе во ПСЖ во свое време. Винисиус би станал и заштитно лице за Светското првенство кое би требало да се одржи во 2034 година во Саудиска Арабија.

Тој е дел од Реал Мадрид од 2018 година. Досега одигра вкупно 279 натпревари и постигнал 91 гол. Освоил две титули во Лигата на шампионите и три првенства на Шпанија. Минатата недела заврши второпласиран во изборот за „Златната топка“.