Барселона ќе биде домаќин на последната Мото ГП трка сезонава

Светскиот шампионат во Мото ГП објави дека последната трка од сезоната 2024 ќе се одржи во Барселона од 15 до 17 ноември.

Последното Гран При традиционално требаше да се одржи во Валенсија, но трката мораше да биде одложена поради поплавите кои го зафатија овој регион.

Во Барселона за титулата ќе се натпреваруваат лидерот во тековната сезона Хорхе Мартин од Прамак и актуелниот шампион Франческо Бањаја од Дукати .

Трката ќе биде најавена како „Гран при на солидарноста“.