Пау Кубарси заврши со десет конци на лицето

Натпреварот помеѓу Црвена звезда и Барселона, освен убедливиот триумф на каталонскиот тим со резултат 2-5, го одбележа и повредата на Пау Кубарси.

Младиот дефанзивец на Барселона во еден дуел го доби врвот на копачката на Урош Спајиќ во лицето и остана да лежи на тревата.

Откако му беше укажана помош на теренот, Кубарси беше заменет и веднаш замина во соблекувалната.

Неговиот личен опис е сериозно променет, како што покажуваат сликите по натпреварот.

„Кубарси е добро, но ќе има десет конци во лицето“, изјави по натпреварот тренерот на Барселона, Ханси Флик.

За овој прекршок, капитенот на Црвена звезда, Спајиќ доби жолт картон.