Младиот Темов учесник на турнирот до 12 години на Академијата Рафаел Надал

Младиот македонски тенисер Андреј Темов претстојува во Мајорка, Шпанија во Академијата Рафаел Надал на тенискиот фестивал за тенисери до 12 години. Темов доби покана од организаторот и од Tennis Europe да биде дел од тенискиот фестивал за крај на годината. Поканата од организаторот ја доби врз основа на постигнатите резултати.

Како дел од тенискиот фестивал ќе се одржува и турнир за играчи до 12 години, на кој настапуваат најуспешните во оваа возрасна категорија. Вкупниот број на тенисери и тенисерки е по 32 во секоја конкуренција од вкупно 23 држави. Претстојот во Мајорка ќе биде големо искуство за малиот Андреј особено што покрај мечевите, ќе има можност и за тренинзи.

Заедно со Андреј во Мајорка е и неговиот тренер Владимир Чубриноски.