Осумнаесет медали за македонските каратисти на Балканското првенство
На овогодинешното 24-то Балканско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21, што се одржа во Сараево, БиХ, нашата младинска карате репрезентација освои 4 златни, 4 сребрени и 10 бронзени.
Златни медали:
- Душица Бреслиева кадети, кумите женски -54кг;
- Андреј Стојчевски кадети, кумите машки -61кг;
- Матеј Белистојаноски У21, кумите машки -67кг
- Љупче Михајлов У21, кумите машки -75кг.
Сребрени медали:
- Дамјан Митревски кадети, кумите машки -52кг;
- Јован Врклевски кадети, кумите машки -57кг;
- Филип Стојанов јуниори, кумите машки +76кг
- Данка Стојкова јуниори, ката женски
Бронзени медали:
- Илијана Серафимова јуниори, кумите женски -53кг;
- Кенза Фетаи јуниори, кумите женски -59кг;
- Мила Панчева У21, кумите женски -55кг;
- Јована Мицовска У21, кумите женски -61кг;
- Недим Шаќири У21, кумите машки -60кг;
- Данило Божовиќ У21, кумите машки -84кг и
- Стефан Стојановиќ У21, кумите машки -84кг.
На последниот ден од првенство во екипните настапи, натпреварувачите во борби и кати освоија уште три бронзени одличја и тоа со јуниорскиот кумите тим во машка конкуренција, У21 кумите тим машки како и кадетско-јуниорски ката тим машки.
На генералниот пласман, македонската репрезентација го освои високото четврто место од вкупно единаесет земји.