МЗТ Скопје лесно го надигра Вардар, блескаа Андоновски и Стојановски

Во првиот натпревар од 7. коло од Првата кошаркарска лига, кошаркарите на МЗТ Скопје ја оправдаа фаворитската улога и го совладаа видно изменетиот состав на Вардар во кој веќе ги нема странските кошаркари. Конечниот резултат гласеше 79-110

Одлично го започнаа натпреварот младите кошаркари на Вардар. Не делуваа воопшто импресионирано од големината која со себе ја носи МЗТ Скопје.

Во второто полувреме, работите, некако, си дојдоа на своето место. „Сино–белите“ притиснаа малку посилно, и во тој временски период од десет минути ги тргнаа сите дилеми. Изградија недостижно водство (577).

За нешто повеќе од 13 минути во игра, Андоноски реализираше 19 поени (плус пет скока). Дамјан Стојановски стигна до 16 поени, Слај дојде до 11 (и седум асистенции), а Крстевски, Баковиќ и Едвин имаа уште по 10 поени.

Во домашниот тим, освен двоецот Марјановиќ-Бајрам (заедно искомбинираа 38 поени), уште 11 дојдоа од Наков. Но за нешто повеќе против првакот, извесно, треба многу повеќе.