Леао: Немам ништо против Фонсека, но сакам постојано да сум стартер
Фудбалерот на Милан, Рафаел Леао проговори за односите со тренерот на Милан, Пауло Фонсека.
Во саботата, крилниот напаѓач ја прекина серијата од десет натпревари без гол за „Росонерите“ постигнувајќи гол во ремито (3:3) со Каљари. Португалецот нема стандардно место во стартниот состав.
„Ова се случува во текот на сезоната, немам ништо против него тренерот Фонсека, исто како што тренерот нема ништо против мене. Прашањето е решено. Не сакам да седам на клупата, но тој носи одлуки и јас како играч морам да го почитувам. И кога ќе излезам на теренот давам се што имам за да му помогнам на тимот“, изјави Леао.
Милан на23 ноември ќе се соочи со Јувентус во дербито на 13. коло од Серија А.