Ивановиќ: Надал ќе му недостига на тенискиот спорт

Ана Ивановиќ го испофали Рафаел Надал, кој се пензионираше на 38-годишна возраст. Како што изјави поранешниот најдобар српски женски рекет, на тенисот ќе му недостига шпанскиот „бик од Мајорка“.

Рафаел Надал е најодликуваниот тенисер на планетата по Новак Ѓоковиќ. Освои импресивни 22 Грен слем трофеи, а на врвот на кариерата најголемите битки ги водеше со Ѓоковиќ и Федерер, како и со Енди Мареј, кој ја сочинуваше „големата четворка“

Во тој период во самиот врв на женскиот тенис беше српската тенисерка Ана Ивановиќ. Сопругата на познатиот германски фудбалер Бастијан Швајнштајгер преку социјалните мрежи се огласи за тажниот ден за светскиот тенис, бидејќи Рафа ги „закачил патиките на колче“, пренесува Спутник.