Силекс го освои Чаир, Гостивар едвај го скрши Тиквеш
Силекс го победи Шкупи во Скопје, Гостивар со минимален резултат славеше над „фенерџијата“ Тикве, Работнички ја прекина серијата без победа против Беса, шампионот Струга ремизираше кај Брера, а Вардар одигра без голови во Охрид против Воска спорт.
По некомплетното 15. коло во Првата македонска фудбалска лига, на првите две места се Гостивар и Силекс. На лидерската позиција може да им се приклучи и Шкендија доколку слави во Битола кај Пелистер.
Пред новите газди и на прославата на 35.годишнината од формирањето на навивачката група, Шкупи не успеа да го избегне поразот од Силекс. Екипата од Кратово победи со головите на Додев во седмата и 44.минута.
Во исто време Гостивар дури во финишот успеа да го скрѓи отпорот на Тиквеш. Стрелец на единствениот гол беше Машике во 84.минута.
Работнички ја прекина серијата од пет натпревари без победа, во која четири пати ремизираше и запиша еден пораз. „Романтичарите“ имаа минус од еден гол против Беса (стрелец Ракип во 22. минута), н0 во продолжение возвратија со четири гола. Содик во 27.минута изедначи, а потоа во интервал од 60 до 76.минута најпрвин погоди Гандо, а потоа со два гола Регба го постави конечниот резултат 4:1.
Брера и Струга во Струмица постигнаа по еден гол и освоија по еден гол. Интересно во 60 секунди беа постигнати головите, Тодоровски погоди за Брера во 59., а веќе во следната минута возврати Укпа.