Суарез парафираше нов договор со Интер Мајами

TOKYO, JAPAN – FEBRUARY 07: Luis Suarez of Inter Miami looks on during the preseason friendly match between Vissel Kobe and Inter Miami at National Stadium on February 07, 2024 in Tokyo, Japan. (Photo by Kenta Harada/Getty Images)

Луис Суарез ја продолжи соработката со Интер Мајами до крајот на следната сезона, потврдија од клубот од Флорида.

Тоа значи дека 37-годишниот „Ел Пистолеро“ ќе остане уште една сезона со соиграчите од славниот период на Барселона: Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба.

Од следната сезона Интер ќе го тренира Хавиер Маскерано, уште еден играч на Барселона (2010 до 2018), кој до неодамна раководеше со младинскиот тим на Аргентина.

Суарез минатата сезона беше најдобар стрелец на тимот со 25 гола.

Сезоната во МЛС лигата ја одбележа доминацијата на Интер со 22 победи, четири нерешени и осум порази за рекордни 74 бода, но тие не се прославија во плеј-офот, каде во првото коло, во три натпревари беа елиминирани од Атланта јунајтед.