Еурофарм Пелистер убедливо совладан во Веспрем
Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа пораз со 33-26 (20-11) на гостувањето против унгарски Веспрем во дуел од Лигата на шампионите.
За битолчани ова беше шестиот пораз во деветтиот натпревар во најеминентното ракометно натпреварување на Стариот континент.
Унгарците си ја завршија работата уште во првото полувреме кое го добија со убедливи плус девет. Во второто полувреме унгарците рутински ја одржуваа предноста за конечна победа.
Кузмановски со шест гола и Радивојевиќ со пет беа најефикасни кај македонскиот тим, а Косоротов и Фабрегас со по седум гола предводеа кај Веспрем.
По девет одиграни кола, Еурофарм Пелистер останува на 4 бодови и на делба на шестото место со Висла.