Македонија скокна две места на ФИФА листата
Македонската фудбалска репрезентација го подобри својот пласман на ранкингот на Светската фудбалска федерација и до следниот ќе биде на 67. место.
Избраниците на Благоја Милевски во последниот мини циклус од Лигата на нации обезбедија победи против Летонија и Фарски Острови, па покрај првото место во групата заслужија и подобра позиција на ФИФА ранкингот.
Македонија напредуваше две места и сега е пред Грузија, односно зад Буркина Фасо меѓу најдобрите седумдесет селекции во светот.
На врвот на ранкингот останува Аргентина, со мала предност во однос на Франција, а во Топ 5 уште се и Шпанија, Англија и Бразил.
Германија се врати во Топ 10 како десетта најдобра селекција, а веднаш зад неа е Уругвај, јужноамериканската селекција која напредуваше три позиции и дојде до 11. место на ФИФА ранкингот.