Двојна победа на Амар Хусеиновиќ во Бахреин
Македонскиот тенисер Амар Хусеиновиќ имаше успешен настап на јуниорскиот турнир во Бахреин. Тој во поединечна конкуренција избори пласман во четвртфиналето, додека во игра на двојки беше полуфиналист.
Амар во сингл оствари две победи. Во првото коло го совлада Иван Пономариев од Казакстан со 2-0 во сетови (6-3, 6-4), додека во следната рунда беше поуспешен од Керем Туфекчи од Турција со 2-0 во сетови (6-4, 6-2). По голема борба Амар беше поразен во четвртфиналето од вториот носител Емирхан Булут од Турција со 2-1 во сетови (7-6/5, 6-7/8) и 6-3).
Во конкуренција на двојки заедно со Турчинот Чаган Ефе Туфекчи со 2-0 во сетови (6-2, 6-1) ги совладаа Ахмед Алсајед (Бахреин) и Сантиаго Перципале (Италија) со 2-0 во сетови (6-2, 6-1). Убедливи беа и во вториот меч и со 2-0 во сетови (6-2, 6-1) ги совладаа Едвард Крупе (Канада) и Тудор Зехеру (Романија). Во полуфинале поуспешни од нив беа тенисерите од Турција, Емирхан Булут и Јагиз Јилдиз со 2-0 во сетови (6-2, 6-4).