Реал ја освои Џирона, Миовски настапи скоро еден час
Во последниот натпревар од саботната програма од 16. коло на Ла Лига, Реал на „Монтоливи“ ја победи Џирона со 0-3. Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски играше до 58. минута.
Реал повторно се доближи до Барселона и со евентуална победа во одложениот натпревар против Валенсија има можност да се врати на челната позиција.
Џуд Белингем повторно беше на висина на задачата. Англискиот репрезентативец игра одлично во изминатиот месец. Во овој период, одигра пет натпревари во лигата и беше стрелец на секој од нив. Неговиот вкупен учинок е пет гола и три асистенции.
Против Џирона го постигна првиот гол во 36.минута, кога ја искористи паниката на домашните дефанзивци. Потоа Англичанецот му асистираше на Гулер за 0-2 во 55. минута. Конечните 0-3 ги постави Килијан Мбапе во 62. минута на асистенција на Лука Модриќ.
Реал со натпревар помалку има два бода помалку од водечката Барселона.