Бруно Гимараеш во јануари доаѓа на „Етихад“?
Манчестер Сити ја има една од најголемите кризи во изминатата деценија, па Гвардиола сака значително да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
После повредата на Родри, Сити има приоритет да доведе негова замена, а најголемата желба на Гвардиола е Гимараеш од Њукасл.
27-годишниот Бразилец сака да ја промени средината, а Гвардиола верува дека ќе биде идеален за неговот стил на игра.
Тој има договор до 2028 година, а изгледа дека Сити ќе мора да потроши значителна сума доколку сака да го доведе во своите редови, особено среде сезона. Од „Етихад“ се спремни да ја активираат откупната клаузула од 100 милиони евра за услугите на бразилскиот репрезентативец.