Бобан Бабунски е нов тренер на Беса Добри Дол
Македонскиот прволигаш Беса го именуваше Бобан Бабунски за нов шеф на стручниот штаб. Тој го презема тимот во текот на зимската пауза и ќе има задача да обезбеди опстанок во елитната конкуренција.
„Со задоволство објавуваме дека постигнавме договор со познатиот тренер Бобан Бабунски. Веруваме дека ќе донесе позитивен дух и нова енергија во нашиот тим, помагајќи ни да ги оствариме нашите цели за новата сезона. Беса го пречекува тренерот Бабунски и му посакува успех со нашиот клуб“, изјавија од клубот.
Беса, како дебитант во прволигашката конкуренција, првиот дел од сезоната го заврши на десеттата позиција со 13 освоени бодови, само еден повеќе од последнопласираниот тим на Воска Спорт.