Барса има голем проблем, нема домашен терен за првата половина на 2025 година

Барселона се соочува со нови проблеми, бидејќи не знае каде ќе ги игра домашните натпревари од нокаут фазата на Лигата на шампионите.

Со 15 освоени поени, две кола пред крајот и како второпласиран тим на табелата, Барселона е сигурен учесник во следната рунда од Лигата на шампионите. Но, проблемот е што Барселона во овој момент не е сигурна на кој стадион ќе ги игра натпреварите од елиминационата фаза на Лигата на шампионите.

Како што пишува Марка, УЕФА бара клубовите да го потврдат домаќинството на еден стадион пред почетокот на сезоната и пред периодот на елиминационата фаза, а Барселона во јануари не е сигурна кој стадион ќе го одбере.

Имено, реконструкцијата и работите на “Камп Ноу” се одолжија и некои извори пишуваат дека ќе биде невозможно стадионот да биде подготвен до крајот на оваа сезона. Од друга страна, Барселона има договор до почетокот на пролетта и нема да има право да организира европски натпревари на “Монжуик” при крајот на сезоната, бидејќи градската власт веќе се обврзала дека ќе биде домаќин на други активности по истекот на договорот со Барса.