Букајо Сака шест недели надвор од терените, Артета во големи проблеми
Една од првите ѕвезди на Арсенал, крилниот напаѓач Букајо Сака се плаши дека ќе се соочи со подолга пауза, откако се здоби со пореда на тетивата за време на победата од 5-1 над Кристал Палас во саботата. На Сака ќе му биде извршена магнетна резонанца за се утврди степенот на штетата, но првите прогнози не се позитивни.
Станува збор за повреда која и претходно му правеше проблеми додека играше за Англија на почетокот од оваа сезона. Менаџерот на Арсенал, Микел Артета ја изрази својата загриженост за повредата по натпреварот и се очекува денес да ги соопшти вестите за тежината на повредата. Дури и мало кинење на тетивата може да резултира со отсуство од најмалку шест недели, што би било значаен удар за Арсенал.