Макс Алегри ќе ја води Рома од следната сезона?
Рома според информациите, планира да започне официјални преговори со Масимилијано Алегри следната недела.
Клубот сака тренер кој го познава италијанскиот фудбал, а Алегри, со искуството од Калијари, Милан и Јувентус, е идеален избор.
Информациите наведуваат дека Рома е подготвена да му понуди атрактивни услови на Алегри, не само финансиски туку и во однос на организациската моќ и слободата во донесувањето спортски одлуки.
Сепак, „Кориере“ додава дека единствената сериозна конкуренција на Рома е Милан, кој размислува дали да продолжи со Пауло Фонсека. Доколку дојде до раскин на соработката со Фонсека, Милан исто така би сакал да го ангажира Алегри.