Галевски: Настапот на Мундијалот е предизвик што бара максимум од сите ракометари
Македонската машка ракометна репрезентација се подготвува во српскиот град Стара Пазова за настап на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи во јануари идната година во Хрватска, Данска и Норвешка.
Меѓу повиканите 20 ракометари е и младиот македонски репрезентативен голман, Иван Галевски, кој истакна дека настапот на Светското првенство е голем предизвик и мотив плус сите повикани да го дадат својот максимум.
„Чест и задоволство ми е што сум дел од овој колектив. Нè очекува еден голем предизвик, но тоа не треба да ни претставува притисок, напротив еден мотив плус за да секој го даде својот максимум. Подготовките се одвиваат добро и се надевам дека спремни ќе го дочекаме стартот на Светското првенство“, изјави 20-годишниот голман на Алкалоид за официјалниот сајт на Ракометната федерација на Македонија.
Македонската репрезентација настапот на Светското првенство ќе го почне на 15 јануари против Унгарија во Вараждин.