Дешамп заминува по Мундијалот во 2026 година
Селекторот на француската фудбалска репрезентација, Дидие Дешамп најави заминување од позицијата по Светското првенство во 2026 година.
„Не сум тука да објавам, но тоа ќе се се случи во 2026 година. Со репрезентацијата работам од 2012 година, договорот е до 2026 година, до следното Светско првенство. И тогаш тоа е тоа, во одреден момент треба да завршите. Во мојата глава созреа јасна одлука. Мојата работа ја извршувам со постојана желба и страст да се осигурам дека француската репрезентација го одржува највисокото ниво. 4 години е многу време. Не сум тука за рекорди, најважно е францускиот тим да остане на врвот, каде што е долги години“, рече Дешамп.
Под негово водство, „триколорите“ ги освоија Светското првенство 2018 и Лигата на нации 2021/22, а станаа и сребрени на Евро 2016 и Светско првенство 2022 година.