Португалија ја победи Германија и избори историско полуфинале

Репрезентација на Португалија го обележа 29.Светско првенство во ракомет. Португалците кои славеа над велесилите Норвешка, Шведска, Шпанија, во четвртфиналето ја шокираа Германија, славеа по едно продолжение со 31-30 (натпреварот во регуларниот дел заврши 26-26).

Мартим Кошта е херојот на Португалија, погоди на четири секунди до крајот на продолжението. Португалците успеаја да ја поништат нестварната партија на Андреас Волф. Голманот на Германија забележа 21 одбрана. Португалските голамани, Мартинш и Капдевил, заедно имаа 13 интервенции.

Португалија ја предводеа братот на Мартим Кошта, 19-годшниот Франциско со осум и Итуриза со седум гола. Мартим Кошта постигна четири гола од 12 обиди, но три од тие четири гола постигна во продолжението.

Лукас Цербе седум пати реализираше од седум петри, вкупно постигна девет гола, а Јури Кнор постигна седум.

Португалија во полуфиналето ќе игра против актуелниот светски првак Данска.