Фуксе Берлин потпиша со најдобриот италијански ракометар

Италијанскиот ракометен репрезентативец, Лео Прантнер ќе стане нов член на Фуксе Берлин откако Тобијас Рајхман поради лични причини повеќе нема да му биде на располагање на тимот од германската престолнина.

Прантнер како еден од лидерите на Италија одигра на врвно ниво на Светското првенство и поради тоа го привлече вниманието на големите клубови.

23-годишниот Прантнер беше еден од најдобрите Италијанци на овој собир и постигна 37 гола на шест одиграни натпревари. Минатата сезона за Балинген во Втората Бундеслига на 24 натпревари постигна 74 гола.