Два хет-трика во една недела, Дембеле влезе во историјата на ПСЖ
Фудбалерот Осман Дембеле го запиша своето име во историјата на Пари Сен Жермен постигнувајќи три гола против Брест, што беше негов втор хет-трик оваа недела.
Извонредната серија на Дембеле започна со неверојатен хет-трик против Штутгарт во Лигата на шампионите во средата. Потоа постигна уште три гола во Лига 1, поставувајќи личен рекорд.
Иако клубот може да се пофали со легендарни напаѓачи како Килијан Мбапе, Единсон Кавани и Златан Ибрахимовиќ, досега никој не успеа да постигне два последователни хет-трика со тимот на ПСЖ.
„Треба да му честитате на тимот и особено на моите соиграчи за асистенциите. Затоа што за првиот гол се што требаше да направам е да ја сместам тпопката во голот. А за третиот додавањето беше исклучително“, изјави Дембеле.