Александер-Арнолд не е сериозно повреден
Фудбалерот на Ливерпул, Трент Александар-Арнолд, ќе паузира неколку денови откако заработи повреда бутот на натпреварот против Бурнмаут во 24. коло во елитата на Англија.
Дефанзивецот најверојатно нема да излезе на терен пред дербито со Евертон кое ќе се одигра на 12 февруари.
Брзоногиот бек, нема да се појави на реваншот против Тотенхем во полуфиналето на Лига купот и на мечот со Плимут во 4. коло од ФА Купот.