Сити не може да ги пријави сите новајлии за ЛШ
Maнчестер сити нема да може да ги пријави сите зимски засилувања за плеј-офот од Лигата на шампионите.
Ќе потсетиме дека англсикиот состав ги ангажираа Витор Реис, Омар Мармуш, Нико Гонзалес и Абдукодир Хусанов а еден од нив нема да може да биде регистриран во Лигата на шампионите.
Според правило на УЕФА, една екипа може да регистрира максимум тројца нови играчи помеѓу групната фаза и елиминацискиот дел во елитата на Европа.