Мората дебитираше со гол за Галатасарај

Алваро Мората дебитираше за својот нов тим Галатасарај. Шпанскиот репрезентативец постигна гол во победата од 4-1 на гости кај Болуспор во Купот на Турција. Натпреварот беше од групата Ц на ова натпреварување.

Домаќините поведоа во 12. минута со голот на Вушал Исгандарли. Во 21. минута Мората израмни. Напаѓачот доби додавање од Јусуф Демир во шеснаесетникот и ладнокрвно реализираше.

Во 44. минута Галатасарај поведе со одличниот гол на Емре Ајдин со удар надвор од шеснаесетникот.

Во вториот дел Галатасарај постигна уште два гола. Во 71. минута Јусуф Демир погоди за 1-3, а конечниот резултат го постави Ахмед Кутучу две минути подоцна.

Галатасарај е на второто место на табелата во групата Ц со шест бода. Ист број на бодови има и лидерот Коњаспор.