Браќата Ѓорѓиеви ќе играат во ист клуб во Турција

За првпат во ист клуб надвор од Македонија играат нашите одбојкарски репрезентативци, браќата Никола и Ѓорѓи Ѓоргиев.

Ѓорѓи Ѓоргиев одлучи да ја продолжи кариерата во редовите на турскиот одбојкарски клуб Туршад каде што настапува и Никола Ѓоргиев, капитенот на македонската репрезентација.

– После 14 години играње заедно во репрезентацијата на Македонија, за прв пат играме заедно и во ист клуб надвор од Македонија.

Одличен момент и историја за нашата фамилија, се надевам дека ќе останеме здрави и ќе имаме успешен крај на сезоната – стои во објавата на Никола Ѓоргиев на Фејсбук.