ПСЖ го наполни Брест и се „чекира“ во осминафиналето на ЛШ

Фудбалерите на Пари Сен Жермен убедливо го совладаа Брест со 7-0 во реваншот од баражот за Лигата на шампионите и со вкупен резултат 10:0 се пласира во следната фаза.
Баерн Минхен и Сити двапати успеаја да слават со идентични резултати во нокаут фазата, а сега им се приклучи и тимот од француската престолнина.
Победите од 8-0 (остварени во групната фаза) и понатаму остануваат сопственост на Реал Мадрид и Ливерпул.
Иако се очекуваше дека избраниците на Луис Енрике ќе имаат порелаксиран пристап против своите ривали од Лига 1 по победата од 3:0 на гости во првиот натпревар, тие го прикажаа спротивното.
ПСЖ напаѓаше немилосрдно, а она што можеби најмногу ќе му се допадне на шпанскиот стручњак е тоа што сите седум гола ги постигнаа различни играчи.
Баркола го постигна првиот гол, а потоа несакајќи му асистираше на Кварацхелија за единствените два гола во првите 45 минути. Витиња, Дуе, Мендес, Рамос и 18-годишната резерва Мајулу постигнаа по гол во вториот дел.
ПСЖ во следното коло ќе игра против Ливерпул или Барселона.