Уругваецот Оливера доби нов договор во Наполи

Наполи наводно е на прагот да потпише нов договор со уругвајскиот лев бек Матијас Оливера. Според Калчомеркато, 27-годишниот фудбалер наскоро ќе стави потпис на нов договор.
Оливера веќе се согласил на нова долгорочна соработка со Наполи. Иако неговиот сегашен договор истекува во 2027 година, избраниците на Антонио Конте ги забрзаа преговорите за продолжување со агентот на играчот.
Оливера наскоро ќе го продолжи договорот до 2030 година, а Наполи е подготвен да го награди со зголемување на платата.