Марк Гуехи се враќа во Челзи, клубот ќе плати многу повеќе отколку кога го продаде

Марк Гуехи, капитенот на Кристал Палас е решението за проблемите што ги има Челси во дефанзивната линија на тимот.
Гуехи, е дете на Челси, а откако не доби вистинска шанса во сениорскиот тим, клубот во 2021 година го продаде во Крустал Палас за 23 милиони евра. На „Слехрст Парк“ кариерата на Гуехи тргна во нагорна линија.
Во март 2022 година, тој дебитираше за англиската репрезентација и стана стандарден репрезентативец. Минатото лето Њукасл сакаше да го доведе, но поради високата отштета трансферот пропадна. Во неодамна завршениот зимски преоден рок, Гуехи се поврзуваше со Челзи и Тотенхем беа одбиени.
Договорот на Гуехи со Кристал Палас истекува во јуни 2026 година, а клубот бара отштета од 85 милиони евра.
Британските медиуми проценуваат дека Кристал Палас нема да ја намали цената и истата сума ќе ја побара во претстојниот летен преоден рок.
Тренерот на Челзи, Енцо Мареска, инсистира да го купи Гуехи бидејќи верува дека тој ќе биде вистински лидер во одбраната. Поради ова, англиските медиуми прогнозираат дека Челзи на лето ќе се согласи на високата отштета што ја бараат од Кристал Палас.